Фудбал

БОРБА НА ТИТАНИТЕ ЗА ТВ ПРАВАТА ЗА „СЕРИЈА А“

DAZN и Sky ќе ги зголемат понудите за откуп на телевизиските права, за натпреварите од италијанското калчо, за периодот до 2029-та година. Се претпоставува дека новата понуда ќе биде неверојатни 900 милиони евра по сезона.

Лигата е поделена. Некои клубови сакаат да ги продадат правата, додека други сакаат поинаков пристап кон продукцијата на телевизиските права. Дел од големите клубови и дел од малите, се за револуционерен настап на лигата, по ова прашање.

Јувентус, Милан, Наполи, Рома, Фиорентина, Болоња и Салернитана се на едната страна, со предлог сите клубови сами да формираат продукција која ќе ги произведува сигналите од натпреварите, со што би се креирал посебен канал за мечевите од Серија А.

За потврда на новата понуда на DAZN и Sky, потребни се 14 гласа од 20 екипи. Ова го пренесува La Repubblica.