Фудбал

БЕЗ ВИСАР МУСЛИУ ПРОТИВ ВЕЛС?

Селекторот Благоја Милевски почнува да има главоболки пред клучниот натпревар против Велс за крај на квалификациите за Светското првенство.

Покрај Езгјан Алиоски кого го очекува долга пауза откако се повреди на дуелот помеѓу неговиот Лугано и Сервет, денес нова лоша вест пристигнува од нашиот табор. Најверојатно, Висар Муслиу нема да може да се опорави на време за дуелот против Велс на гости, од повредата која ја заработи на дуелот против Белгија во Гент.

Тогашните проценки беа дека Муслиу ќе отсуствува 6 до 8 недели, со надеж дека и побрзо би можел да се опорави, но сепак селекторот ќе мора да кова други планови со друг партнер на Зајков во одбраната.

Дуелот против Велс во Кардиф се игра за 18 дена.