СЕ ЗАЛЕТА ПО АРАПСКИТЕ ПАРИ, ПА ДОБИ ШУТ-КАРТА ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА
Објавено на: 03.09.2024
Стивен Бергвајн вчера го реализира својот трансфер во Ал-Итихад, откако за сума од 21 милион евра ги напушти редовите на Ајакс.
Овој потег не му се допадна на селекторот Роналд Куман, кој му ја затвори вратата од холандската репрезентација. Куман дури и јавно ја објасни неговата одлука.
„Стивен на 26 години одлучи да игра во Саудиска Арабија. На тие години, амбициите треба да ти бидат спортски, а не финансиски. Можеше да остане во Ајакс бидејќи и таму фудбалерите се добро платени. Неговиот потег ми даде дознаење дека е далеку од спортски амбиции, поради тоа, тој повеќе нема никаква врска со репрезентацијата на Холандија. Веројатно и знаеше дека ова е мојот став“, истакна Куман.
Поранешниот член на Тотенхем за Лалињата одигра 35 меча во кои постигна 8 погодоци, додека запиша само два настапи против Романија и против Турција на Европското првенство летово.