КОГА ЌЕ ДАДЕШ АПСОЛУТНО СЀ ОД СЕБЕ ЗА ДА НЕ ПРИМИШ ГОЛ (ВИДЕО)
Објавено на: 12.04.2024
Бенто Крепски, голманот на Атлетико Параненсе, се прослави со својот извонреден настап во победата од 6-0 над Рајо Жулијано во второто коло од Копа Судамерикана.
Бразилскиот чувар на мрежата при еден напад на гостите забележа четири велемајсторски интервенции, успевајќи да ја сочува сопствената мрежа. Прво одбрани пред самиот гол, па двапати се исправи пред противникот на одбиена топка, за на крај да истрча и да стигне да ја исфрли топката од својот шестнаесетник и надвор од опасност по неговиот гол.
Stop that Brento Krepski. pic.twitter.com/umxkwsPjo2
— Stop That Football (@stopthatfooty) April 12, 2024