ЏУД БЕЛИНГЕМ ВЛЕТА НА ДЕВОЈАЧКА ЗАБАВА (ФОТО)
Објавено на: 01.06.2025
Неколкуте слободни денови кои Џуд Белингем ги има на располагање по крајот на ангажманите за Реал Мадрид и претстојните настапи со Англија, суперѕвездата ги искористи да одмори на Ибица.
Но таму, наместо плажа, море и одмарање, англиските папараци го забележаа Белингем во клубовите на плажа, а меѓу другото и како женска екипа од девојачка забава го повикуваат да се фотографираат со него.

Веројатно овие девојки никогаш нема да го заборават овој одмор на Ибица, со Белингем како „јагода на шлагот“, но од фотографиите може да се забележи дека една од девојките и го „штипка“ за задникот.
