БАРСЕЛОНА ПРЕТЕНДЕНТ ЗА ВИСОК ПЛАСМАН?
Објавено на: 28.02.2022
Каталонската гордост на седум меча не знае за пораз, му се реваншира на Билбао за поразот во Купот, со 4:0 во рамките на 26-то коло во шпанската фудбалска лига. Чави ја препороди екипата која се загуби во втората половина на табелата, а сега гледа кон врвот.
Барса има 45 бода на четвртата позиција, од 25 одиграни натпревари. Зад неа е шампионот Атлетико, со ист број бодови и меч повеќе. Пред неа се Бетис со 46 од 26 и Севиља со 54 од 26, а на врвот е Реал Мадрид со 60 од 26. До крајот на сезоната има 12 кола.