БАЏО „ОБВИНИ“ – ДА СЕ ПРЕИСПИТААТ СУПСТАНЦИТЕ ШТО ГИ ЗЕМАВМЕ
Објавено на: 19.01.2023
Италијанскиот фудбалски ас кој беше голема ѕвезда во 90-тите години на минатиот век, кој промаши пенал во рулетот во финалето на СП во САД против Бразил, излезе со најава за нова афера во фудбалот.

По смртта на Џанлука Вијали и Синиша Михајловиќ, едниот од рак на панкреасот а другиот од леукемија (рак на крвта), кои исто така беа огромни ѕвезди во споменатиот период, Баџо го кажа следново:
Исплашен сум и за моето здравје. Во фудбалот отсекогаш постоел допинг, треба да се преиспитаат супстанците што ни беа давани во 90-тите години. Голем број мои колеги прерано починаа.
Имавме контроли на секои 3-4 дена, но барам да се испитаат легалните препарати кои ги консумиравме со дозвола и препорака на лекарите, што најчесто се случуваше кога бевме повредени.
Многу брзо, во рекордно време се враќавме од повредите. Тие суплементи остануваат во нашите организми засекогаш, а знаеме дека, на пример, во тоа време тревата се одржуваше свежа со токсични материи.

На ова се надоврза најдобриот пријател на Михајловиќ и Виали, Роберто Манчини кој кажа дека не знае што да додаде на зборовите на Баџо и дека вакви нешта им се случуваат само на оние кои играле фудбал.

