Фудбал
АЗАР ВО АРСЕНАЛ?
Објавено на: 08.04.2022
Белгискиот интернационалец би можел да се пресели во редовите на Топџиите, јавува Фоот Меркато. Арсенал е заинтересиран да го позајми Азар од Реал, со опција да го откупи во иднина.

Ќе се согласи ли мадридската екипа, ќе се согласи ли некогашниот миленик на навивачите на Челси, на едно вакво сценарио кое нема да наиде на „одобрување“ меѓу дел од навивачите во Лондон?