Ракомет

АУТ ОФ КОНТЕ(К)СТ – КАДЕ И ДАЛИ ПОТФРЛИ ОВАА РАКОМЕТНА МАКЕДОНИЈА?

Нашата ракометна селекција ги загуби сите шанси за пласман во следната фаза на 15-тиот континентален собир. Ова е мешана репрезентација главно од „сениори кои се скоро пензионери“ и „млади ракометари кои немаат никакво меѓународно искуство“.

Играчи кои треба да повлечат имаме малку, а и тие не играа на вистинското ниво. Еве неколку поенти од овие два пораза, каде (можеби) потфрливме на ова европско првенство на кое дојдовме со победа против Данска во квалификациите и желба за втора фаза:

  1. Прерано ги отпишавме искусните?
  2. Немаме соодветна резервна варијанта?
  3. Дали вечно ќе играат Лазаров и неговата генерација?
  4. Младите генерации бавно ни стасуваат?
  5. До која возраст во Македонија се одгледуваат таленти?
  6. Долги години ги чекаме бековите?
  7. Како да научиме да играме со играч повеќе?
  8. Кога ќе сфатиме дека одбраната носи резултат?
  9. Правиме почетнички грешки и подаруваме топки во раце?
  10. Дали нашите играчи се усовршуваат на индивидуален план?
  11. Колку се работи на физичката подготовка?
  12. Колку се работи на психолошки план?
  13. Дали се тренираат срце и душа, или се истураат на терен?

Македонија имаше повеќе грешки отколку голови на мечот со Црна Гора и заслужено загуби (24:28). Ова треба да ни биде огромна лекција која мора брзо да се совлада. Која од поентите ни недостасуваше, или не отсликува на ова ЕП? Или можеби сите?