АРСЕНАЛ ГО ОТПУШТИ НА 13 ГОДИНИ, СЕГА ГО „УКРАДЕ“ ОД ТОТЕНХЕМ ЗА 68 МИЛИОНИ ФУНТИ
Објавено на: 21.08.2025
Еребечи Езе, првата ѕвезда на Кристал Палас, се сели во северниот дел од Лондон откако вчеравечер неговиот клуб постигна договор со Арсенал за трансфер вреден 68 милиони фунти. Англискиот репрезентативец долго време се наоѓаше пред преселба во редовите на Тотенхем, но лутиот градски ривал издејствува во последен момент и го украде трансферот.
Интересно е што Езе конечно ќе си го исполни сонот да го облече дресот на Топчиите, откако на негови 13 години беше отпуштен токму од младинските селекции на Арсенал. Тогаш клубот не го ценеше доволно, па Езе преку потешкиот пат стигна до елитниот фудбал на Англија, за сега на 27 години конечно да пристигне на „Емирејтс“.
Eberechi Eze. 🎞️💭 @RisingBallers_ pic.twitter.com/1x5Eum0YDh
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 20, 2025
Токму тој момент Езе пред извесно време го откри во интервју со Рио Фердинанд во емисијата „Растечки ѕвезди“, навраќајќи се на најтешкиот момент во неговата кариера.
За Кристал палас, Езе од 2020 година настапи на 169 натпревари во сите конкуренции, предводејќи ги лондонските Орли до првите два трофеи во клупската историја, освоени изминативе неколку месеци. Кристал палас во мај го освои ФА Купот, за пред две недели да се радува и на Комјунити шилд титулата.