Фудбал

АНЧЕЛОТИ ЈА РЕНОВИРА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА, ОТПИША 16-МИНА КОИ ИГРАА НА СП

Бразилскиот  селектор Карло Анчелоти пречкрта дури 16 фудалери кои беа на Светското првенство 2026 каде Кариоките испаднаа во осминафиналето.

Бразил кон крајот на септември и почетокот на октомври има пријателски натпревари против Австралија и Индија, а списокот на Анчелоти беше вистински „рез“ по Светското првенство.

Карло не смета на Нејмар, ги нема ни Данило, Касемиро, Фабињо, Алекс Сандро, Алисон, Едерсон, Куња, Игор Тијаго, Лукас Пакета…

Од друга страна повикани се Естевао, Андре Сантос и Жоао Педро, кои го пропуштија Светското првенство.

Иако Маркињос е сè уште во составот, се претпоставува дека Бруно Гимараеш ќе биде новиот капитен.