Фудбал

АЛЕГРИ ЈА ОТКРИ СУДБИНАТА НА ЛЕАО И ПУЛИШИЌ

Масимилијано Алегри испрати јасна порака пред последното коло во Серија А, дека и покрај медиумскиот притисок, Кристијан Пулишиќ и Рафаел Леао сè уште имаат многу да му понудат на Милан.

Росонерите в недела го пречекуваат Каљари во меч што може да ја реши сезоната. Милан е трет на табелата и има два бода предност пред петтопласираните ривали, што значи дека победа носи сигурен пласман во Лига на шампиони.

Алегри посебно зборуваше за офанзивниот потенцијал на тимот, иако бројките на главните ѕвезди во последниот период не се импресивни.

Пулишиќ и Леао сè уште можат многу да придонесат за Милан.

Тренерот верува дека и играчите од средниот ред можат да направат чекор напред кога станува збор за головите.

Рубен Лофтус и Јусуф Фофана имаат потенцијал дополнително да ја подобрат својата голгетерска ефикасност во иднина.

Леао се враќа во тимот по суспензијата против Џенова, но нема постигнато гол уште од 1 март, додека Пулишиќ сè уште чека прв погодок во 2026 година. Затоа натпреварот со Каљари носи дополнителен притисок, не само за Милан и битката за Лигата на шампиони, туку и за двајцата офанзивци кои сакаат да го прекинат голгетерскиот пост.