Тенис

ЗВЕРЕВ СО ЛЕКЦИЈА ДО ХЕЈТЕРИТЕ: НЕ ИСВИРКУВАЈТЕ ПОВРЕДЕН ИГРАЧ! (ВИДЕО)

Првото полуфинале во Мелбурн заврши по само 82 минути игра, откако Новак Ѓоковиќ одлучи да го предаде мечот по првиот сет кој Алекс Зверев го освои со 7-6.

Руптурата на мускулот на ногата, повреда која го мачеше тенискиот рекордер и во победата над Карлос Алкарас, очигледно е посериозна и не му дозволи во целост да го одигра овој важен дуел.

Новак беше испратен со свирежи од страна на публиката во Мелбурн, австралиските навивачи кои платија стотици и неколку илјади долари за да го гледаат овој спектакл, му се навртеа на срспкиот тенисер потполно невоспитано и безпотребно.

Поради тоа, Саша беше приморан да им одржи лекција.

„Луѓе, ве молам, не исвиркувајте повреден играч. Знам дека сите плативте скапи билети и сакате да гледате тенис од пет сета, но мора да разберете дека Новак е тенисер кој му даде апсолутно сѐ на овој спорт во изминатите 20 години. Го има освоено овој турнир со секакви повреди, и ако се почувствува дека не може да продолжи да игра, тоа значи дека навистина не може да игра. Затоа, покажете почит и љубов кон него“, истакна Зверев.