АЛАРМ ВО ЊУЈОРК: ЃОКОВИЌ ГО ПРЕДАДЕ СПАРИНГ МЕЧОТ ПО 40 МИНУТИ
Објавено на: 26.08.2026
Новак Ѓоковиќ предизвика нова загриженост во таборот и меѓу фановите, непосредно пред почетокот на грен слем турнирот во Њујорк. Српскиот тенисер го прекина спаринг мечот против Зизу Бергс по само 40 минути игра.
Во моментот на прекинот, најдобриот белгиски тенисер и 35. играч на светот водел со 3:0 во гемови.
Спарингот беше закажан откако Ѓоковиќ претходно настапи во мешани двојки заедно со Арина Сабаленка. Тие беа елиминирани уште во првото коло со 1:4, 4:2, 10:2, во меч кој траеше само 54 минути.
Според шпанскиот портал Пунто де Брејк, една од можните причини за прекинот е заморот по претходниот настап. Сепак, фактот дека мечот во мешани двојки траеше помалку од еден час дополнително отвори прашања за физичката состојба на Ѓоковиќ.
Шпанскиот медиум потенцира дека според достапните информации не станува збор за повреда, туку најверојатно за замор. Сепак, ситуацијата привлекува внимание поради проблемите со кои Ѓоковиќ се соочува во последниот период.
Djokovic ha parado su entrenamiento con Bergs cuando iba 0-3 abajo.
Parece que está bien físicamente, solo que puede haberse sentido sobrecargado después del dobles mixto. https://t.co/bdWoaRDq85
— José Morón (@jmgmoron) August 25, 2026
Србинот неодамна отворено зборуваше дека веќе подолго време има физички проблеми кои му го отежнуваат настапувањето и подготовките на највисоко ниво.
Дополнителна загриженост предизвика и неговиот последен настап во Синсинати. Ѓоковиќ имаше физички проблеми во поразот од Тијаго Агустин Тиранте, а во еден момент мораше да побара и медицинска помош.
Поради тоа, предвременото завршување на спарингот во Њујорк неизбежно отвори нови прашања околу неговата подготвеност.
Добрата вест е што засега нема информации за нова повреда.
До неговиот прв меч на турнирот остануваат уште неколку дена, што му остава простор за одмор и дополнителна подготовка.
Сепак, по случувањата во Синсинати и последниот прекин на тренингот, физичката состојба на Ѓоковиќ ќе биде под посебно внимание пред неговиот прв настап во Њујорк.