Фудбал

АГУЕРО СО СОЛЗИ СЕ ПРОСТИ ОД ФУДБАЛОТ

Како што и беше најавено, така и се оствари денес. Кун Агуеро се пензионираше од професионалното играње фудбал на денешната прес-конференција во Барселона.

Аргентинецот оваа сезона премина во Барселона, на 33 годишна возраст, но по само неколку натпревари докторите открија срцеви проблеми.

Тој денес на прес-конференциај со солзи во очите најави крај на својата богата фудбалска кариера.

Одлучив дека морам да прекинам мојата фудбалска кариера. Се работи за мене и за моето здравје. Бев во добри раце, но докторите ме советуваа да престанам да игра. Ова е многу тежок период за мене и им благодарам на сите што беа дел од мојата кариера. На Атлетико, на Сити и на Барса.

 

Во публиката беше и Пеп Гвардиола, кој долета од Манчестер специјално за оваа прилика.