Фудбал

АДМИНОТ НА БРАЈТОН Е НЕМИЛОСРДЕН КОН ЧЕЛСИ

Цело лето траеше сагата околу трансферот на Мозес Каиседо (21), кој на крајот заврши во редовите на Челси како негов избор, истакнувајќи дека сака да игра само за сините од Лондон.

На мечот кој беше негово деби, а втор натпревар на Челси сезонава, истиот играч беше еден од најголемите, ако не и најголемиот виновник за поразот на својот тим, играјќи катастрофално во дефанзивата и правејќи пенал во финишот на мечот за конечните 3:1 на гостувањето кај Вест Хем.

Следуваше ова – сите продажби се финални, нема враќање пари, не прифаќаме рекламации…