Фудбал

МЕСИ Е НЕЗАПИРЛИВ, ДАДЕ ДВА СПЕКТАКУЛАРНИ ГОЛА, НО ДАЛИ МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ДО 1.000 ПОГОДОЦИ ПРЕД РОНАЛДО (ВИДЕО)

Интер Мајами победи со 3:1 на гостувањето кај Атланта во меч на кој очекувано во фокусот на вниманието беше Лионел Меси. Ветеранот уште еднаш покажа дека е незадржлив и беше творец на победата на гостите.

Интер Мајами водеше со 1:0 по првото полувреме, а во вториот дел следуваше шоуто на Меси. Најпрво, во 56 минута Меси реши да тргне во продор од средината на теренот. Дури седуммина противнички играчи трчаа и се обидуваа да го стигнат Меси, но направи вистински слалом и успеа да постигне гол за 2:0.

Само четири минути по првиот гол, Меси погоди и по втор пат. Овојпат тргна во контра напад, а пред него имаше само еден противнички играч. Противникот едноставно не можеше да го следи ритамот на Меси, беше изместен од позиција, а Меси на крајот лесно погоди за 3:0.

Со овие два гола, Меси стигна до бројката од 936 погодоци во кариерата, а пред него по бројот на погодоци е само Кристијано Роналдо кој има постигнато 981 голови и е најблиску прв да стигне до магичната бројка од 1.000 погодоци.