Фудбал

АРДА ЃУЛЕР ЌЕ ГО НОСИ ДРЕСОТ НА РЕАЛ ДО 2032 ГОДИНА

Арда Ѓулер ја продолжи верноста кон Реал Мадрид до 2032 година. Турскиот репрезентативец потпиша нов договор со шпанскиот гигант, со кој неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“ е обезбедена на подолг рок.

Во изминатиот период се шпекулираше за сериозниот интерес на Пари Сен Жермен, кој наводно подготвувал богата понуда за да го доведе младиот офанзивец. Сепак, Реал Мадрид успеа да ја осигури неговата иднина и да спречи евентуално заминување од клубот.

Од „Сантијаго Бернабеу“ официјално потврдија дека новиот договор на Ѓулер важи до 30 јуни 2032 година. Со тоа, мадридскиот клуб испрати јасна порака дека сериозно смета на турскиот талент и во годините што следуваат.