РОМА ПРЕТРПЕ КАТАСТРОФА КАКО НИТУ ЕДЕН ДРУГ КЛУБ ВО ИСТОРИЈАТА НА ЛШ
Објавено на: 04.11.2026
По првите четири меча во Лига на шампиони, екипата на Рома освои само четири бодови, а можеше да има многу повеќе. Рома има една победа, едно реми и два порази. Пред помалку од еден месец, Волчицата загуби со 3:4 од Реал Мадрид на „Олимпико“, во натпревар на кој италијанскиот тим водеше со 3:1 до 83 минута. Во последните неколку минути се случи чудо. Реал Мадрид со голот на Карлос Еспи намали на 2:3, а потоа Ендрик израмни на 3:3. Во 90 минута „се појави“ Антонио Ридигер кој погоди со глава за комплетираше на пресвртот, односно победа од 4:3 за Кралевите.
Синоќа, Рома повторно имаше убава предност, но на крајот повторно загуби. На италијанскиот тим му беа потребни само 17 минути за да поведе со 2:0 над Манчестер јунајтед, што беше резултат на полувремето. Англискиот гигант заигра многу подобро во вториот дел и намали на 1:2, а потоа на сцена стапи Матеус Куња кој погоди за 2:2 во 83 минута, а неколку минути подоцна, истиот играч даде гол за 3:2 и победа на Манчестер јунајтед.
Со овие резултати против Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, Рома стана првиот тим во историјата на Европскиот куп и Лигата на шампионите кој во иста сезона двапати загубил натпревар откако претходно имал предност од најмалку два гола. Италијанскиот гигант дојде до овој несакан рекорд за само 20 дена.