ПОКЕТИНО ГИ „ЗАПАЛИ“ ФАНОВИТЕ НА ЈУНАЈТЕД: МАНЧЕСТЕР ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ЦРВЕН
Објавено на: 18.11.2026
Новиот тренер на Манчестер јунајтед Маурисио Покетино, изјави дека му е потребно време за повторно да го издигне клубот како доминантна фудбалска сила во градот. Аргентинецот зборуваше за својата нова улога по последниот натпревар на чело на националниот тим на САД, победа од 2:0 против Хаити во реванш-натпреварот од четвртфиналето на Лигата на нации на КОНКАКАФ. Американците се пласираа во полуфиналето со вкупна победа од 8:0 по двата дуели со Хаити.
Покетино на „Олд Трафорд“ доаѓа на местото на Мајкл Керик, а негов прв натпревар како менаџер ќе биде в недела, на 22 ноември, против најголемиот ривал Ливерпул и тоа на гостински терен на „Енфилд роуд“. Манчестер моментално е во зоната за испаѓање од Премиер лигата.
„Ова е голем нов предизвик, но истовремено носи и вид на адреналин што човек сака да го почувствува. Треба да постапуваме разумно. Свесни сме дека моменталната ситуација во Манчестер Јунајтед не е она што клубот го заслужува. Навивачите се неверојатни“, рече Покетино, кој додаде: „Ќе видите дека Манчестер повторно ќе биде црвен. Дајте ми малку време“, потенцирајќи на фактот што во изминативе 10-тина годин Сити е главниот тим во Манчестер.
Покетино се враќа во Премиер лигата, откако претходно ги водеше Саутемптон, Тотенхем и Челси. Најдлабока трага остави во Тотенхем, каде што го одведе клубот до финалето на Лигата на шампионите во 2019 година.