НЕКОГАШ БЕШЕ ТРЕНЕР НА ГОРАН ПАНДЕВ, А СЕГА СЕ СПОМЕНУВА КАКО НОВ СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНИЈА
Објавено на: 19.11.2026
Турскиот тренер Хамза Хамзаоглу е новото име кое се споменува како можен нов селектор на македонската фудбалска репрезентација, пренесуваат тамошните медиуми. Некогашниот тренер на Галатасарај веќе официјално започнал преговори за преземање на селекторската фотеља во нашата сениорска селекција, ако е точно тоа што го најавуваат турските медиуми.

Хамзаоглу беше тренер во турскиот гигант Галатасарај во период кога таму играше некогашниот капитен на македонската репрезентација Горан Пандев (сезона 2014/15). Токму Пандев сега е дел од раководните структури во Фудбалската федерација на Македонија.
Освен во Галатасарај, Хамзаоглу бил тренер и во Малатијаспор, Денизлиспор, Акхиспор, Бурсаспор, Анталијаспор, а последен клуб му бил Еш Шебаб од Саудиска Арабија, каде работел како помошник.
Македонската репрезентација во 2026 година заврши без ниту една победа во 10 меча (осум порази и две реми), па започнаа шпекулациите дека актуелниот предводник Гоце Седлоски наскоро може да си замине, но останува следниот период да го даде одговорот на тоа прашање.
👔 Hamza Hamzaoğlu, Kuzey Makedonya Milli Takımı teknik direktörlüğü için görüşmelere başladı!
📎 Reşat Can Özbudak https://t.co/S70St27iC2
— Transfermarkt.com.tr (@TMtr_news) November 19, 2026