Фудбал

МАРКИЊОС НАЈМАЛКУ УШТЕ ТРИ ГОДИНИ ЌЕ ОСТАНЕ ВО ПСЖ

Пари Сен Жермен сака да ја продолжи соработката со својот капитен Маркињос, кој наскоро се очекува да се врати на фудбалските терени по повредата. Францускиот гигант веќе направил прв чекор и му понудил на Бразилецот нов договор со важност до летото 2029 година.

Преговорите меѓу двете страни се започнати, а во Париз постои сериозна желба искусниот дефанзивец да остане дел од проектот и во следните сезони.

Маркињос моментално се опоравува од повредата на десната натколеница што ја заработи на дуелот со Барселона во Лигата на шампионите. Процесот на рехабилитација напредува добро, па неговото враќање во составот би можело да се случи уште за саботниот натпревар против Ница.

Иако актуелниот договор му истекува во јуни 2028 година, раководството на ПСЖ сака да ја продолжи соработката за дополнителна сезона. Новиот договор би можел да донесе и промени во финансиските услови.

Причината за ваквиот потег е јасна – Маркињос има многу поголема улога од онаа на обичен дефанзивец. Бразилецот е капитен, лидер во соблекувалната и еден од најпочитуваните фудбалери во клубот. Неговото искуство и влијание се исклучително важни за ПСЖ, кој нема намера лесно да се откаже од услугите на еден од своите најзначајни играчи.