НАЈБОГАТИОТ ФУДБАЛЕР НА СВЕТОТ ПОВТОРНО ОСТАНА БЕЗ КЛУБ
Објавено на: 22.09.2026
Фаик Болкија повторно е без клуб, откако му истече договорот со тајландскиот Рачабури.
Дваесет и осумгодишниот Болкија е капитен на репрезентацијата на Брунеи, за која досега има шест настапи. Иако никогаш не направи поголема кариера на европската сцена, тој помина низ неколку познати академии во Англија, меѓу кои оние на Њубери, Саутемптон, Челзи и Лестер.
Во сениорската кариера настапуваше за португалскиот Маритимо, како и за тајландските Чонбури и Рачабури.
Болкија е особено познат по своето семејно потекло. Тој е внук на султанот на Брунеи и според бројни проценки располага со семејно богатство вредно повеќе од 18 милијарди евра.
Роден е на 9 мај 1998 година во Лос Анџелес, САД, а негов татко е принцот Џефри Болкија. Фаик има и сестра близначка по име Киана, како и најмалку 15 полубраќа и полусестри од страната на татко му.
Болкија поседува брунејско и американско државјанство, а своето образование го стекнувал во Велика Британија.
Сега, по разделбата со Рачабури, тој повторно е во потрага по нов клуб. Игра за свој ќеиф, затоа што несомнено дека е финансиски обезбеден.