И МУРИЊО СО ПОРАКА ЗА МЕСИ: „НЕЗАБОРАВНА КАРИЕРА“
Објавено на: 01.09.2026
Лионел Меси официјално потврди дека ќе стави крај на репрезентативната кариера по Светското првенство.
Одлуката ја донел уште во јули, а смртта на неговиот татко Хорхе на 8 август дополнително го убедила дека е време за крај.
„Ова беше одлука која болеше и сè уште длабоко боли, но разбирам дека дојде време. Секогаш давав сè од себе и се борев до последен момент за овој дрес, за да ви донесам радост и да бидете горди што сте Аргентинци“, напиша Меси.
Капитенот на Аргентина ќе замине како најдобар стрелец во историјата на јужноамериканскиот фудбал. За „гаучосите“ досега постигна 125 голови на 207 натпревари.
„Одам мирен и горд што, заедно со моите соиграчи, ви овозможив моменти за кои некогаш само сонувавме. Ве сакам. Ви благодарам, Боже, што ме направи Аргентинец“, порача Меси.
На неговата објава реагираше и Жозе Мурињо, тренерот на Реал Мадрид.
„Честитки за прекрасната и незаборавна репрезентативна кариера. Следната Копа Америка и следното Светско првенство нема да бидат исти без тебе“, напиша Мурињо.