Фудбал

НЕ ЗНАМ ДАЛИ ТОА МЕ ПРАВИ „ХОРНИ“, АМА САКАМ ДА ИГРАМ ПРОТИВ РЕАЛ МАДРИД

Чави Ернандез изјави дека едноставно сака да се натпреварува со Кралскиот клуб, затоа што неговата Барселона додека тој беше играч, има силен скор со најлутиот и најомразениот ривал во историјата на фудбалот.

Колку и да сакаат да скријат Шпанците, битката на теренот со Каталонците е далеку повеќе од фудбал, далеку повеќе од спорт.

Ова е изјавата на сегашниот стратег на Барса, кој седи на клупата на екипа која три години немаше победа против Реал Мадрид, која победи минатата сезона против десеткуван противник со убедливи 0:4 во небитен натпревар кој не решаваше ништо во сезоната во Примера:

Во превод, тоа би звучело вака:

Не знам дали тоа се вика хорни, дали тоа е правиот збор, но едноставно сакам да играм против Реал Мадрид.

Ова е сигурно дел од стратегијата на Гордоста на Каталонија, пред соочувањето со најтрофејната европска и шпанска екипа, чиј кошмар е токму Барселона, која особено последните две децении има сензационални победи во можеби најголемото дерби на фудбалот – Ел Класико.