ЦИЦИЈАТА МИЛИТАО – САКА ДА И ПЛАЌА НА ЛИМА (САМО) 1.200 ЕВРА ЗА ДЕТЕТО?
Објавено на: 14.10.2022
Милитао несакајќи добил ќеркичка. Тој ја тужи поранешната девојка која го родила детето, со цел да и плаќа 1.200 ЕУР месечно за издршка на детето. Во условите на финансиската криза кои се актуелни низ светот, колку ќе издржи госпоѓицата Каролина Лима заедно со малата Сесилија која има три месеци?
Милитао, кој е подготвен да ги покрие и здравствените трошоци, трошоците за школување и екстра трошоците за дообразување и воспитување на девојчето, изјавил – „Работам нестабилна професија и поголем расход може да му наштети на моето семејство.“ Тоа е џокерот на Милитао со кој излегол пред судот.

Бразилскиот ас заработуваше 4 милиони евра годишно, според првиот договор во Кралскиот клуб. Неговиот нов договор потпишан на почетокот на новата сезона, ќе биде со важност до 2028-та година, со 7 милиони евра годишна плата.