КОЈ ЌЕ СЕ РАДУВА В НЕДЕЛА, ОД ОВИЕ ДВАЈЦА?
Објавено на: 14.10.2022
Ливерпул (10) не бил во полоша состојба од времето кога Сер Алекс Фергусон владееше со Премиерлигата. Четата на Јурген Клоп се наоѓа на средината на табелата со 10 бода од 8 меча, кои ги собра со само 2 победи, 4 реми средби и 2 пораза.

Манчестер Сити (2) се уште не го почувствувал поразот сезонава – има учинок седум победи и две реми средби, па со вкупни 23 бода е на бод зад Арсенал (1). Сините имаат гол-разлика 33:9, додека црвените имаат 20 постигнати гола и 12 примени.

Никој во Премиерлигата досега сезонава нема дадено повеќе голови од екипата на Пеп Гвардиола, најмногу благодарение на Халанд (15). Само три екипи од Топ 10 имаат повеќе примени голови од Ливерпул – Јунајтед има 15 (5), Брнмаут има 20 (8), Фулам има 18 (9).

Последните две средби во куповите во Англија ги доби Ливерпул, додека последните две премиерлигашки средби завршија 2:2. Сити нема победа на 4 меча по ред. Кој ќе се радува во големото дерби – Вирџил Ван Дајк или Ерлинг Халанд?