Фудбал

ДАЛИ РОНАЛДО МУ ИСПРАТИ ПОРАКА НА ТЕН ХАГ?

Фудбалерите гестикулирале единство, односно го покажувале моментот кога португалскиот ас спие во клупскиот автобус додека екипата патува на гостувaњата, е официјалното клупско соопштение од страна на организацијата Манчестер Јунајтед, за симболот кој Кристијано Роналдо го покажа при постигнувањето на победничкиот гол на гостувањето кај Евертон (1:2).

Медиумите шпекулираат – дали Роналдо му упати порака на тен Хаг со која сака да каже – Доста дремев на клупата, се уште знам да клавам голови! Ќе се освести ли тренерот на Јунајтед, кој тврдоглаво се држи до некоја своја патријархална стратегија со која ги уништува последните денови на големите ѕвезди како Роналдо и Касемиро, кои ја стопија клупата од седење?