Фудбал

ХАЛАНД НЕ Е ЧОВЕК

Норвешкиот интернационалец е првиот играч во Премиерлигата кој успеал да постигне три редоследни хет-трика на домашен терен. Три гола постигна и Фил Фоден, во триумфот на Сити над Манчестер Јунајтед со 6:3.

Сити е на бод до лидерот Арсенал, а екипата на Пеп Гвардиола освен што игра во неверојатна форма, ја зголеми серијата на 20 последователни премиерлигашки натпревари без пораз. Сезонава, се се врти околу Халанд?