Фудбал

КАДЕ ТРГНАА НАВИВАЧИТЕ НА ЈУНАНТЕД?

Уште пред да заврши првото полувреме, симпатизерите на црвената екипа од Манчестер го напуштија градското дерби, во кое сината екипа се иживуваше со гостинот.

Прашањето е дали заминаа кон домовите да се скријат по шокантниот резултат, или се упатија кон пабовите со многу пиво да ја „утопат“ несреќата?

По првите 45 минути, Манчестер Сити водеше со 4:0 против Манчестер Јунајтед. По два гола постигнаа Фоден и Халанд. Ентони во 56-та минута постигна убавец и намали на 4:1.