Фудбал

РЕАЛ ПОДГОТВУВА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДВЕ ЅВЕЗДИ НА СИТИ

Шпанскиот гигант се подготвува за два големи трансфера од редовите на англиската екипа, од кои едниот би се случил веќе следното лето, а другиот само една година подоцна. Ете колку однапред и авангардно, размислува легендарниот газда Флорентино Перез.

Првата цел на Кралскиот клуб е португалскиот фул-бек Жоао Кансело кој има 28 години, во летниот преоден рок 2023-та година. Вториот пик на Реал е Ерлинг Халанд, норвешкото чудо кое покажа дека одлично се снаоѓа и во нова средина веднаш по доаѓањето.

Халанд има 22 години, дополнително ќе стекне самодоверба во редовите на премиерлигашкиот тим, а таткото (Алфи, поранешен фудбалер) на напаѓачот во една прилика изјавил дека неговиот син не би требало да помине повеќе од две или три сезони во Англија.