Фудбал

ПИКСИ: НЕ СТЕ НОРМАЛНИ, ЖИМИ МАЈКА

Србија ја совлада Норвешка и се пласира во елитната А лига од Лигата на нациите. Селекторот Драган Стојковиќ Пикси, кој (беш)е најдобриот фудбалер на Србија во современата фудбалска ера и еден од најдобрите кои некогаш се родиле на проторите на бивша Југа, беше кренат во воздух:

Пикси е креаторот на најмагичната репрезентација на светот, во моментов. Патот до светското фудбалско првенство беше трновит и невкусен, но Србите успеаја да се вратат на големата спортска сцена. До каде ќе дотурка нашиот северен сосед, на мундијалот што се игра зимоска во Катар?