Фудбал

НЕ БЕШЕ ЦРВЕН, ПА НЕКА ДОЈДЕ И ЦЕЛА УЕФА СО МИЛИОН АНАЛИЗИ

Тодор Тодороски доби црвен картон во 14-та минута од мечот со Бугарија, во рамките на 6-то коло од Група 4 во Лига Ц од Лигата на нациите.

Австрискиот арбитар Ваинбергер не оштети затоа што македонскиот репрезентативец ја крена ногата високо, имаше контакт со противникот, но ниту играта беше опасна, ниту пак допирот беше опасен.

Во моментот кога почувствува дека ќе се судри со противникот, нашиот играч ја повлече ногата и тогаш го направи контактот. Беше ли ова црвен картон?

Ова е одлука која може директно да влијае на конечниот резултат, кој пак може да влијае на патот на Македонија до следното ЕП, затоа што победникот ја освојува втората позиција и има полесна ждрепка за следниот континентален собир.