ПЕРЕЗ ПРАВИ ЧУДА, ГО ИСКОПА ОД НИКАДЕ И ГО НАПРАВИ НАЈВРЕДЕН
Објавено на: 24.09.2022
Цената на Винициус расте вртоглаво и тој во моментов е најскапиот играч во шпанскиот фудбал. Ова е податок од реномираните медиуми за трансфери.

Бразилскиот интернационалец сега чини 120 милиони евра, откако рипна за 20 по претходната проценка. Тоа е заслуга на Флорентино Перез кој имаше трпение и доверба.

Со голот против Ливерпул во финалето на ЛШ, Вини стана омилен кај навивачите. Ќе им донесе ли други титули или ова е само случаен развој на настаните?