Фудбал

ПРЕМИЕРЛИГАТА СЕРИОЗНО ЌЕ ГИ КАЗНУВА ХУЛИГАНИТЕ, НО ДАЛИ РАЗМИСЛУВА БАЛКАНСКИ?

Навивачите кои ќе внесат пиротехника на стадионите или ќе истрчаат на теренот се соочуваат со долга казна, која ќе им биде изречена од страна на нивните клубови во Премиерлигата. Најмалку една година, нема да смеат да стапнат на стадион.

Сите 20 премиерлигаши изгласаа едногласно за овие мерки, кои стапуваат на сила веднаш. Целта на овој пакет нови мерки изгласани од Премиерлигата, е да се сузбие анти-социјалното и криминалното дејствување на и околу стадионоте во Англија.

Мерките се однесуваат и за домашен и за гостински терен, но и за родителите или старателите на малолетниците кои ќе направат ваков прекршок.

Сите клубови се согласија за ова заедничкко решение. – парафразираме од соопштението.

Прашањето кое ќе се појави на Балканот, е – како клубовите ќе знаат кој е домашен навивач, а кој не е? Замислете во последното коло да му треба бод на Челси, па негов симпатизер со дрес на Сити да истрча на теренот во Манчестер…