ЛАСО: СРБИЈА ГО ОСВОЈУВА ЕУРОБАСКЕТ 2022
Објавено на: 09.09.2022
Шпанскиот стратег прогнозира дека српската репрезентација има најголеми шанси да тирумфира на актуелното европско кошаркарско првенство.
Тој го кажа ова пред клупската камера на КК Партизан, кој тренира во Шпанија, пред сезоната во која ќе се врати во Евролига:
Не би требало да го зборувам ова пред српски камери, но ете… Селекторорт Пешиќ работи одлично. Мициќ и Јокиќ се лидери и играат одлично. Тука се Дончиќ, Германија и другите фаворити, но мислам дека Србија има најмногу шанси.
Пабло Ласо го посети Партизан на еден од тренинзите во Фуенлабрада, историското место каде играше домашни мечеви, шампионската генерација на црно-белите од 1992-та година.