Кошарка

ДАЛИ БОСНА ВЕ ПОТСЕЌА НА МАКЕДОНИЈА?

Беше тоа фамозната 2011-та во која се уште кошаркарски живееме, па не можеме „глава да кренеме“ од тој резултат. По неверојатната тројка на Илиевски против Литванија и генерацијата предводена од Бо МекКејлеб, односно Перо Антиќ и останатите, Македонија престана да игра кошарка.

Ова е таа фамозна кошаркарска верзија на приказната Пепелашка:

Се што имавме заврши, ново не направивме ништо. На актуелното ЕП, БиХ ја преслуша Словенија, му удри „шамарчина“ на европскиот шампион и оди напред. Така одеше Македонија, прво против Хрватска, па против Грција, па против Финска, па против БиХ. Бевме први во групата.

Еве ја победата на Босанците против Словенија:

Потоа ги наредивме Грузија и Словенија, за да загубиме од Русија. Па ја уништивме домашната Литванија, па загубивме со најмала разлика на тој шампионат од Шпанците кои газеа се пред себе до златото, за на крајот да го забележиме вториот пораз од Русите, сега за бронзата.

Еве ја песната на Босанците, по триумфот против Словенија:

Босанците се втори во групата Б со 2/1, но имаат два пеколни меча со Франција (2/1) и со Литванија (0/3) за последното место за следната фаза. На БиХ и посакуваме само успеси, медал, зошто да не биде тоа и најсјајниот? Ве потсеќа ли оваа Босна на таа Македонија?

Фото: FIBA