Фудбал

КАРИМ Д ДРИМ СТРЕЛА ПОВТОРНО – ДВАПАТИ

Карим Бензема ја продолжува животната форма од минатата сезона и останува централна фигура во играта на Реал Мадрид. Кралскиот клуб ја забележа и третата победа од стартот на новата сезона во шпанската Примера. Со максимални 9 боида и гол-разлика 9:3, составот од главниот град е пред Бетис со 9 бода (6:1) и Барселона со 7 (8:1).

До стартот на овој меч, францускиот интернационалец беше единстениот играч во актуелниот состав на Реал кој постигнал гол кај Еспањол (4), пред да му се придружи Винициус кој го постигна водечнкиот погодок. Учинокот на Карим Бензема, на крајот на натпреварот, беше следниот:

66 допири со топката
2 гола
8 удари кон голот
4 удари во целта
1 клучен пас
3/3 долги топки
39/47 точни додавања
2/7 дуела добиени

Монструмот од нападот на Реал Мадрид, прво погоди во финишот кога резултатот беше 1:1, со маестрален потег преку директниот чувар и голманот:

Потоа погоди и за 1:3 во последните моменти од средбата, од слободниот удар по исклучувањето на домашниот голман, кога на гол-линијата застана играч од полето, поради исполнувањето на замените од старан на домашниот тренер:

Кој е најдобриот играч во Шпанија, (и) сезонава?