МУРИЊО ЗАГУБИ БОДОВИ, НО ДОБИ ЕКСТРА ЗАСИЛУВАЊЕ
Објавено на: 28.08.2022
Андреа Белоти (28) е нов играч на Рома, потврди денеска римскиот клуб. Фудбалерот кој се роди во школата на АлбиноЛефе, од 2013-та до 2015-та играше за Палермо, а потоа настапуваше за екипата на Торионо. Белоти дојде во престолнината како слободен играч.

Напаѓачот доаѓа во редовите на римската волчица по реми средбата (1:1) кај Јувентус, во рамките на третото коло во Серија А. Тој одигра 44 меча за италијанската селекција, со 12 постигнати гола. Жозе Мурињо е презадоволен од овој трансфер, но нема да застане тука.

До крајот на преодниот рок во фудбалска Европа, португалскиот стратег ќе се обиде да го ангажира и Мохамед Мади Камара од Олимпијакос, како пополнување на празнината која се појави во средниот ред, каде треба да го замени повредениот Џорџино Вајналдум.