Фудбал

КАКО ТОРИНО ГО ПРЕЧЕКА ДИБАЛА (ВИДЕО)

Паоло Дибала се врати „дома“ против својот Јувентус, но овој пат како играч на Рома.

Фановите на Јувентус не можеа да ги заборават добрите моменти помеѓу нив и Аргентинецот, па така додека се читаа имињата на противничкиот тим, свирежите застанаа и се даде громогласен аплауз на неговото презиме.

Дибала не постигна гол денес, но затоа асистираше до Тами Абрахам за 1:1 и поделба на бодовите во дербито во Торино.