БАТИСТУТА: МЕСИ НЕ Е ИСУС!
Објавено на: 17.08.2022
Поранешниот напаѓач на аргентинската фудбалска репрезентација, имаше интересен коментар по повод прашањето за состојбата во аргентинската репрезентација пред претстојното СП во Катар.
Габриел Омар Батистута анализираше реално:
Мислам дека притисокот на Меси е огромен и треба малку да подзабавиме со очекувањата. Тој не е Исус. Тој е човек од крв и месо, му треба помош од соиграчите во репрезентацијата, ако сакаме да освоиме титула на СП.
Дали Батистута е во право? Затоа што некои од љубителите на фудбалот го сметаат Меси за Бог, затоа прашуваме…