Фудбал

КОЈ Е ПОЈАК, КОНТЕ ИЛИ ТУХЕЛ?

Челси и Тотенхем ремизираа 2:2 во 2-то коло. Двапати водеше домаќинот, но двапати изедначуваше гостинот. Двата тима се кандидати за висок пласман сезонава во Премиерлигата.

Двата тренера приредија шоу за паметење, двапати се судрија во текот на натпреварот, но последното соочување беше вистински џентлменски поздрав:

Двајцата покажаа дека добро ги навежбале и одлично ги користат десните раце. Кој би победил да ги пуштат вистински да се пресметаат?