Останато

ЗА ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: ТЕЛЕФОН МУ ИСПАДНА ОД ЏЕБОТ СРЕДЕ НАТПРЕВАР

Сме биле сведоци на многу нешта во спортот, случувања предизвикани од спортистите, спортските работници или од публиката. Досега, не сме виделе телефон да испадне од џебот на еден играч, без разлика за кој спорт станува збор, среде натпревар:

Родолфо Кастро безбедно се излизга на третата база, на мечот меѓу Питсбург Пајратс и Аризона Дајмондбекс. Кастро не забележа дека му испаднал телефонот, се додека судијата Адам Хамари не му асистираше. Од кого ли очекуваше повик, Кастро?