Фудбал

ЧЕЛСИ МУ ГО ВРАТИ ВЕРНЕР НА ЛАЈПЦИГ

Германскиот интернационалец одигра две години во редовите на англиската екипа, за која настапи на 56 натпревари и постигна скромни 10 гола. Се очекуваше многу повеќе од Германецот кој ветуваше, но не ги исполни очекувањата.

Тимо Вернер се враќа во Ред Бул Лајпциг, каде настапуваше од 2016-та до 2020-та година. За германскиот тим одигра 127 натпрвари со постигнати 78 гола, што е четирикратно подобар учинок од оној во редовите на лондонските сини.

Европската титула беше освоена во 2021-та, но тоа е недоволно за апетитите на екипата на Челси. Кој беше главниот проблем што не проработе дуото Хаверц-Вернер, во екипа која има германски тренер во Томас Тухел?