Фудбал

КОГА НАВИВАЧИТЕ НА МИЛАН ЌЕ ПРЕЗЕМАТ ОД ДЏ-ОТ

На концерт во Падова, Боб Синклер го пушти ремиксот за песната „Freed from desire“ од Гала, кој е популарен хит на фудбалските стадиони затоа што има темпо по кое се пеат многу навивачи песни.

Една од нив, најверојатно без да знае познатиот ДЏ, е омилената верзија на навивачите на Милан, со наслов „Pioli’s on fire“:

Инаку, авторката на нумерата (1996) Гала Рицато е позната поп пејачка и авторка на многу песни, родена е во 1975-та година во Милано, а моментално живее во Бруклин, Њујорк.