Фудбал

РАФИЊА КАЖА И ИСПОРАЧА

Новиот фудбалер на Барселона, кажа дека неговата екипа е подобра од екипата на Реал Мадрид. По овие зборови, сите помислија дека ќе го снајде истата судбина како Мoхамед Салах, но се случи спротивното:

Со голот на Рафиња во 27-та минута, каталонската екипа славеше во првото Ел-Класико во новата натпреварувачка година, односно во пријателскиот меч кој се одигра пред стартот на сезоната 2022/23.

Со две врзани победи, Барселона ја прекина низата од пет порази во меѓусебните натпревари со Реал Мадрид. Според приложените кадри на второто видео, може да очекуваме нови „возбудувања“ следната сезона?