Кошарка

ГО ПРАТИ ЛЕБРОН ПО БУРЕК, ЌЕ РАСКАЖУВА СО ДЕЦЕНИИ

Леброн Џејмс по долго време реши да се појави во Дру лигата и одигра добро, но во еден момент беше „посрамотен“. Противник од екипата во која немаше ниту една НБА ѕвезда, пенетрираше кон кошот и изведе потег со кој многу лесно се ослободи од најдобриот кошаркар на денешницата:

Леброн имаше и свои атрактивни моменти, но незнајниот јунак иако загуби на крајот од екипата на Кралот Џејмс, за овој момент сигурно ќе раскажува со децении, а во следниот период најверојатно ќе биде дел и од многу американски ток-шоуа со спортска или кошаркарска содржина.