КИРЈОС НЕМА ПОРАЗ ОД ЃОКОВИЌ, НО ЌЕ ЗАГУБИ В НЕДЕЛА?
Објавено на: 08.07.2022
Австралискиот тенисер води со 2:0 во меѓусебните дуели со Новак Ѓоковиќ. Апсурдно, но вистинито. Во претходните два дуела, Ник Кирјос славеше со 6:4 и 7:6, односно со 7:6 и 7:5, двата меча се играа на надворешна тврда подлога во Индијан Велс и Акапулко.

Ѓоковиќ има 35 години, Кирјос има 27. Новак е трет на АТП листата, Ник е 40-ти. Србинот има 10 години подолга кариера меѓу професионалците, од 2003-та е во светот на најдобрите и има 20 Грен слем титули од кои 6 на Вимблдон, а ова е прво финале за австралискиот тенисер.

Кирјос има заработка од 10 милиони долари во досегашниот тек на кариерата, Ѓоковиќ има 157 милиони американски долари легнато на тениската сметка, само од турнирите. На чија страна се параметрите и дали статистиката во овој случај ќе биде значајна, за конечниот исход?