ГЕЈ ФУДБАЛЕР ОД АВСТРАЛИЈА: СТРАВ МИ Е ДА ОДАМ ВО КАТАР
Објавено на: 08.07.2022
Џош Каваљо, фудбалер на Аделаида Јунајтед кој од минатата година е редовен член на репрезентацијата на Австралија, во интервју минатата недела ги изрази своите стравови за СП во Катар.
Австралијанецот изрази голема желба да ги брани боите на својата земја, но стравува за својот живот поради нетрпеливоста кон ЛГБТ заедницата во земјата домаќин на Светското првенство.
Би сакал да играм за Австралија на Светското првенство, бидејќи тоа е мојот животен сон, но во исто време законите се судираат со реалноста. Сепак, тука се поставува прашањето: Дали сакам да го доведам мојот живот во опасност?
Каваљо понатаму во интервјуто додаде дека бил изненаден од тоа како фудбалскиот свет реагирал на неговата објава дека е геј.
За разлика од мене, многу луѓе низ светот морале да се преселат за да живеат слободно бидејки се геј. Но во мојот случај, едноставно светот ми даде една голема прегратка. Беше навистина неверојатно што фудбалери како Златан Ибрахимовиќ, Антоан Гризман и Џеси Лингард ми пишаа поради за поддршка.
Катарската позиција ја повторно и Насер Ал-Катер, претседателот на организацискиот одбор.
Го повикуваме и него и сите други да ја посетат земјата дури и пред Светското првенство. На никој ништо не му се заканува овде и ништо не е опасност, иако медиумите создаваат негативна слика. Хомосексуалноста не е дозволена во Катар и изразувањето љубов помеѓу истополовни луѓе во јавност е најстрого забранета.