Фудбал

ФУДБАЛОТ НЕКОГАШ БЕШЕ (И) ЗАБАВА

Пол Гаскоњ е еден од најистакнатите англиски фудбалери, иако не е баш лице за пример за младите со однесувањето вон теренот. Давид Жинола е еден од најдобрите француски фудбалери кои некогаш играле во Премиерлигата. Овие двајца се сретнаа за кратко во Евертон.

На првиот тренинг кога Жинола потпиша за клубот од Ливерпул, домаќинот Гаскоњ му посака добредојде на првиот тренинг – со перика:

Жинола тогаш имаше долга коса, а фудбалерите тогаш беа вистински херои на своето време. Ова се случи во 2002-та година, на залезот на кариерите на двајцата фудбалери, но сепак ја илустрира имагинацијата со која некогаш живееја големите ѕвезди.

Гаскоњ играше во Евертон од 2000-та до 2002-та, потоа замина за Барнли каде не се снајде и одигра само 6 меча. Следната играше за Гансу, па следната за Бостон и се пензионира. За Жинола, 2002-та беше последна година од неговата кариера.